28 Март 2024 - 23:48:21

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

08.11.2016 во 14:29:42

Почитувани Знам дека не сум првиот, а верувајте нема да бидам ниту последниот што ви пишува за оваа состојба. Имено, се работи за делот на МЕТОДИЈА ШАТОРОВ ШАРЛО бр.6 кадешто во периодов е невозможен пристап пешки, а моторните возила до половина тркала се во вода и кал, заради неуреденоста на тој потег. Би Ве замолил, за да видите сериозноста на нашиот проблем, да ми испратите мејл набкој би можел да Ви испратам фотографии на кои Ве поканувам самите да дадете солуција како да стигнеме од улицата до зграда и обратно. Навистина е неподносливо и сите ние би биле благодарни доколку најдете решение за оваа наша мизерна состојба во 21ви век, на само 2км од центарот на градот. Ве молам заедно да го одржиме рејтингот на оваа населба, која важи за најубавата во Македонија Поздрав и Ви благодарам

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

14.11.2016 во 14:06:16

Почитувани, бидејќи во тој дел од Општината се вршат интензивни градежни активности, би Ве замолиле за разбирање до отпочнување на асфалтирањето на посочената улица, кое што ќе се изврши веднаш кога ќе заврши изградбата на новите згради покрај Вашата улица, со цел да не се врши постојано прекопување на улицата. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар.

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by