25 Април 2024 - 04:00:00

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.11.2016 во 09:41:01

Почитувани, Ви пишувам повторно во врска со барањето за асфалтирање на пристапната улица кон новите згради ПАРК 1, 2 и 3 на улицата „Методиша Ш. Шарло“. Читам дека на други локации во нашата општина интензивно се реконструираат, асфалтираат и градат нови улици, а на нашата нема никакви подготвителни работи, од што заклучувам дека и оваа сезона ќе биде испуштена. Ве молам под итно преземете мерки затоа што сегашната ситуација е неодржлива. Калта, дупките и водата на импровизираниот пристапен пат кон нашите згради не ни дозволува нормално да функционираме. Тоа е срамота за општина која пледира кон тоа да биде најурбаната општина во Скопје, нели!? И на крајот, сигурно знаете дека револнтот на луѓето расте и може да дојде до посериозни простести и блокади. Ви благодарам однапред. Поздрав.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

14.11.2016 во 13:58:55

Почитувани, бидејќи во тој дел од Општината се вршат интензивни градежни активности, би Ве замолиле за разбирање до отпочнување на асфалтирањето на посочената улица, кое што ќе се изврши веднаш кога ќе заврши изградбата на новите згради покрај Вашата улица, со цел да не се врши постојано прекопување на улицата. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by