25 Април 2024 - 15:44:18

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.11.2016 во 12:51:36

Почитувани, Ве молам за ваш одговор, Кога планирате да ја асфалтирате новата сервисна улица што води до Ул.Методија Шаторов Шарло бр.6 ? До оваа улица има неколку згради, а тоа се премногу фамилии кои се засегнати од ситуацијата во која живееме т.е преживуваме па се прашуваме дали гумени чизми да си купиме за зимово да го преживееме или ќе ни ја асфалтирате да одиме како луге. Колите ги искршивме од дупките, се прашуваме кој ќе ни ја плати штетата? Ситуацијата е ужасна, ве молиме дојдете не терен да видите во што живееме ние, запрашајте се дали вие би поднеле да живеете во вакви услови???? Дали сме принудени да превземеме подрастични мерки?! Многу пати давате различни информации дали е отпочната работата или не па се надевам овојпат ќе добијам позитивни информации од вас да им пренесам дека сепак ќе живееме во урбана средина која е прекрасна.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

16.11.2016 во 13:01:20

Почитувани, бидејќи во тој дел од Општината се вршат интензивни градежни активности, би Ве замолиле за разбирање до отпочнување на асфалтирањето на посочената улица, кое што ќе се изврши веднаш кога ќе заврши изградбата на новите згради покрај Вашата улица, со цел да не се врши постојано прекопување на улицата. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by