29 Март 2024 - 03:23:08

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

07.12.2016 во 01:20:16

Почитувани, Бидејќи до сега немам сретнато во вашите проекти вакво нешто, би сакал да ве прашам дали е возможно да се стави на разгледување изградба на читална или реконструкција на стар објект во читална од отворен тип наменета првично за студентите, а потоа и за средношколците кои живеат во Општина Аеродром. Сметам дека ваков објект недостасува прилично многу, заради тоа што бројот на студенти во општината е значително зголемен последниве години, со што студентите не би морале да одат до Центар и Карпош за да учат. Со почит.

Статус: Одговорено
Тип на барање: образование

 
Одговор

07.12.2016 во 09:26:23

Почитувани, Ви благодариме на идејата и истата ќе биде пренесена до структурите во Општината кои одлучуваат за предвидување на вакви проекти. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by