16 Април 2024 - 19:15:00

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.12.2016 во 14:09:35

Почитувани, апелирам за помош во врска со бучавата и низата проблеми поврзани со работата на ноќниот клуб Мистик и кафаната Кажи ми Кажи. Пред тој ноќен клуб се случи убиство пред неполни 6 месеци и сега е пак отворен ???????? Со која дозвола ве молам?? Со која одлука им е дозволено да управуваат со ноќен клуб кој е непрестано предмет на физички пресметки и бучава во околината. Истите тие посетители ни ги оштетуваат автомобилите на паркингот, го нарушуваат мирот во доцните часови, прават бучава со своите автомобили и музиката од нив. Апелираме за заштита од ваквото однесување бидејки целиме Аеродром да биде урбана населба во која нема место за вакви појави кои се редовна појава секој викенд. Ви благодарам однапред и се надеваме на Ваша реакција.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

26.12.2016 во 11:57:31

Почитувани, ќе бидат повторно направени контроли на наведените кафеани. Исто така, Ве информираме дека за нарушување на јавниот ред и мир (бучава), може да се обратите до полициската станица „Аеродром“. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by