29 Март 2024 - 02:40:49

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.01.2017 во 13:39:51

Бараме надлежните во Општина Аеродром да дадат објаснување на нивелманското решение односно подолжниот наклон на изведената станбена улица/пристапен пат до подземните гаражи на станбената зграда ул.Методија Шаторов - Шарло бр.23, во однос на ДУП. Во ДУП-от на Општина Аеродром може да се види дека оваа станбена улица има дозволен подолжен наклон 0,4% а на лице место изведениот подолжен наклон е неверојатно голем и невообичаен, нема никаде таков пад на теренот, предизвикува проблем во движење на возила и пешаци (а посебно во зимските услови), поради што и се доставува ова барање за објаснување од надлежните во Општина Аеродром.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

10.01.2017 во 15:48:10

Почитувани, би сакале да Ве информираме дека при изведба на посочената улица се направи прилагодување на нивелетата на улицата во однос на веќе постоечки инфраструктурни објекти. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by