25 Април 2024 - 23:18:18

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.01.2017 во 09:46:40

Почитувани. Ме интересира дали еднократна парична помош за новороденче се однесува и на второ дете. Доколку важи ме интересира кој се потребните документи и каде треба да се поднесе со оглед на тоа дека канцелариите ви се преместени во нов објект. Со почит

Статус: Одговорено
Тип на барање: еднократна парична помош за новороденчиња

 
Одговор

27.01.2017 во 19:08:31

Почитувани, еднократната парична помош се однесува и на второ дете. Потребно е да го пополните и да го донесете формуларот за новороденче (што можете да го најдете на следниот линк http://www.aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari) во канцеларија број 19, исто така потребно е на увид да се донесе оригинал извод од матична книга на родени за бебето, извод од матична книга на венчани, лични карти на увид од двајцата родители со адреса на живеење во Општина Аеродром, како и трансакциска сметка на увид. Општина Аеродром е сместена во зградата меѓу „Телекабел“ и „Веро“ на бул. „Јане Сандански“. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by