24 Април 2024 - 01:17:44

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

06.02.2017 во 09:33:56

Почитувани, Ве молам за информација колку е рокот за изведба на новопроедвидената канализациона мрежа која во моментот се изведува на Ул. Вангел Тодоровски. Оваков хаос нема никаде. Се почна со работа на сред зима, на температури од -20оС. На никому не му беше грижа за работниците, туку битна беше провизијата што ИЗБРАНАТА НА ТЕНДЕР фирма некому ќе ја фрли. Дали таа фирма е спремна да изврши ваков едноставен зафат и колку време и р потребно??? Ве молам и за информација кој е надзорен орган? Видел ли тој како се работи. Во саботата после дождот (бидејќи ровот беше потрупан со снег) истиот се стопи и ровот пропадна за половина метар. При тоа останаа блокирани 30 возила во гаражата од зградата на Вангел Тодоровски 17. Сега е таква тиња пред зградата, што слободно може да се донесат прасиња, за да уживаат. Како да живееме на село. Ве молиме да се интервинира што побргу да се завршат работите. Да се набие ровот, да се испере улицата и да се постават времено бекатон плочки на ровот. Поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

07.02.2017 во 15:59:36

Почитувани, рокот за изградба на работите, согласно Договорот е 90 дена. Работите започнаа на 19.12.2016 година. Фирмата што ги изведува работите е избрана на тендер и истата ги исполнува критериумите согласно тендерската документација. Временските услови беа причина за застој на работите. Во врска со отворените и пропаднати ровови, превземени се сите мерки од наша страна и од страна на надзорот за нивна санација. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by