19 Април 2024 - 10:44:33

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

09.03.2017 во 10:30:52

Почитувани, ме интересира прецизна информација кога Општина Аеродром ќе започне со асфалтирање на улицата пред Џевахир зградата (со конкретен датум). Истото асфалтирање беше најавено уште на 14.11.2016 год на вашата веб страна и преку Соопштение за медиуми дека ќе започне наскоро, меѓутоа од тогаш поминаа скоро 5 месеци и сеуште нема ни трага од асфалтирање. Ние како станари во истата зграда на Џевахир имаме потреба од итно асфалтирање на улицата за да се чувствуваме како нормални жители на оваа општина и да газиме по асфалт а не по кал. Поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

09.03.2017 во 15:09:09

Почитувани, најавената изградба на улицата се одложи поради лошите временски услови. Кога временските услови дозволија да се почнат активностите на терен, веднаш се пристапи кон изградба на улицата. Изградбата на улица 8 е во завршна фаза. Во оваа фаза се редат рабници и се подготвува тампонот за асфалтирање. Се очекува улицата да биде асфалтирана најдоцна за 10 до 15 дена. Ви благорадиме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by