25 Април 2024 - 21:20:19

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.03.2017 во 11:28:42

Почитувани, Во име на станарите и сопствениците на посебните делови на станбено-деловната зграда на ул. „Методија Ш. Шарло“ број 6, би сакал да Ви го пренесам нашиот револт од однесувањето на фирмата ангажирана од страна на општината која требаше да ја направи пристапната (сервисната) улица до нашата зграда. Конкретно, според наше мислење, иако поминаа повеќе од 6 месеци откако сме вселени во зградата, пристапната улуца со пропратната инфраструктура, вклучувајќи го и зелениот појас, сеуште не е направена, а ние сме приморани да одиме по прашина и кал! Дополнително, ваквата ситуација деновиве е влошена од постапките на фирмата изведувач на градежните работи на улицата, која наместо да ги забрза работите, таа ги кочи и згора на се поставува дополнителни градежни контејнери во близина на зградата, на место каде треба да има зеленило. На ваков начин, дополнително ни го отежнува двиењето по и онака лошиот и правлив терен. Ве замолувам, да преземете се што е во ваша надлежност со цел да се забрза уредувањето на јавниот простор околу нашата зграда. Истовремено, бараме неодложно да се тргат контејнерите и градежните машини кои се поставени во непосредна близина на нашата зграда. Искрено се надевам дека со полна серизоност ќе го третирате ова наше барање, затоа што нашето трпение е при крај.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

24.03.2017 во 14:13:41

Почитувани, Ве известуваме дека изведувачот работи според предвидената динамика и градежните работи се одвиваат во предвидените рокови. Инаку, контејнерот на изведувачот на улицата е привремено поместен, бидејќи претходната положба на контејнерот навлегуваше во трасата на новопроектираната улица „1“, која треба да почне да се гради. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by