20 Април 2024 - 06:59:45

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.03.2017 во 20:58:39

Јас како страствен велосипедист можам слободно да ве пофалам дека вложите многу во врска со велосипедските патеки во нашата општина. Едно големо браво. Апелирам како општина да превземете нешто во врска со узурпација и паркирање автомобили на велосипедска/пешачка патека на булевар В.С-Бато. Од семафорот кај аптеката ЗЕГИН до семафорот со булевар Србија некои 300 метри буквално на секој метар има паркирано автомобил на велосипедската/пешачкатапатека. Како општина ако го асвалтиравте тој потег како паркинг во ред, ама ако го направивте за нас велосипедистите и пешаците тогаш мислам дека тој дел би требало да биде прооден. Со паркирање на возила на тој потег ние треба буквално да се движме по коловозоната лента, а нај опасно е кога сте со своите деца и со тоа се доведуваме и себе и нив во опасност да бидеме прегазени. Однапред благодарен Горан С.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

27.03.2017 во 11:10:45

Почитувани, Ве упатуваме да се обратите до сообраќајната полиција, која е надлежна за ова прашање. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by