20 Април 2024 - 13:20:55

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

02.04.2017 во 14:22:52

Во дворот на комшиите има дрво -бор доста голем и приметив дека има неколку искршени гранки веројатно од снегот од оваа зима. Некои од гранките надвиснуваат во мојот двор. Па би сакала да ми кажете кој е надлежен за отстранување на тие гранки. Ако е тоа општината каква е процедурата за да се тргнат тие гранки и што треба да направам јас. Мојата адреса е Бул. Ј.Сандански бр.21-3/2. Дворот гледа кон градинката и ООУ Горгија Пулески.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

03.04.2017 во 09:57:22

Почитувани, за ова прашање е надлежна Заедницата на сопственици. Но, доколку Заедницата ги нема потребните машини за отстранување на гранките, оттаму треба да испратат барање до Град Скопје, од каде даваат налог до ЈП „Паркови и зеленило“. Притоа таа услуга се наплатува. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by