24 Април 2024 - 13:06:09

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

20.04.2017 во 11:07:46

Почитувани, Ве молам за одговор на следниве мои прашања: 1. Улицата која ја направивте позади Парк 3 ( Адора) сеуште не е довршена, цел тротоар е со косо поставени бекатон плочки не им ги собирало па си ги оставија на косо, исто така лугето што ја работеа оваа улица си заминаа, а цела опрема ни ја оставија пред зграда. Сигурно веке оваа опрема цела што ни е оставена нема да им биде потребна повеќе, а тоа се цевки багери и еден цел "вагон". 2. Пред и позади зградите на Методија Шаторов Шарло- Парк 1,2,3 ( Адора ) има еден тон земја, Кога ќе се реши овој цел дел и ќе се направи зеленило улицата до зградиве напоменати е изградена и веке е време да се среди и зеленилото не живееме во село па да газиме и гледаме земјиште. 3. Дали паркчето пред Тобако 2 на кое си играаат децата ќе го рушите ( поточно она што е пред зградата на Дабар) по планот гледаме е планирано зграда да се прави тука па ме интересира дали ова единствено паркче за нас новите жители ќе ни го рушите. 4. Дали имате некаков предлог да се реши раскрсницата која е без семафори и води кон Методија Шаторов Шарло, веке секојдневно е преполна со коли премногу жители и се создава гужва и невиден хаос, ве молиме да се реши некако додека не се случиле било какви незгоди. Со почит,

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

24.04.2017 во 11:55:09

Почитувани, што се однесува до првите две прашања, би посочиле дека објектите сè уште не се довршени, а обврска на изведувачите е целосно да ги изградат согласно проектите. Тука спаѓа и одвозот на вишокот земјен материјал до депонија, како и хумузирање на косините. Во однос на третото прашање, при реализација на Деталниот урбанистички план, ова детско игралиште ќе се дислоцира во непосредна близина на сегашната локација, но нема да се отстрани. Исто така, крстосницата на која посочувате е во надлежност на Град Скопје. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by