02.05.2017 во 16:34:55
Почитувани, Пред извесно време неколку пати ви реагирав во врска во премногу гласната музика која доаѓа од маалската кафана Деи Фратели ( Стар Аеродром ), и ми ветивте дека инспекциски служби ќе им пратите, но кафаната си продолжува со стандардната бучава и понатаму. Дали разбирате дека кафаната ни го ремети мирот и спокојството, Ве молиме да регирате на вакви работи сепак е урбана населба и не треба да се дозволат вакви "екскурзии". Значи ќе ве молам да регирате соодветно во најскоро време да не остане само на нашите пишувања и ветувања овде на сервисот,..... Но да напоменам да им пуштите инспекции од петок до недела( и за време на празници) во време од 22.00-01.30 сааат по полноќ, да не праќате преку ден инспекции кога воопшто нема ни трага ни глас од таа музика! Преку ден не ни вреди да се пуштаат инспекции се е џабе тогаш и се нормално и регуларно јасно! Ве молиме да се спречат овие работи, тука живеат бебиња, болни и стари луѓе, Поздрав Елена
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато