20 Април 2024 - 08:42:31

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.05.2017 во 22:43:30

Ви пишувам за лично да можам да го изразам незадоволството зошто ги штитите кафеаните низ цел Аеродром, Сите граѓани имаме проблем со премногу гласната музика која доаѓа од кафаните "Dei Fratelli која што е најстрашно се наоѓа насред двор на основно училиште, па Рулет кај железничка па кафич Астра кафе кај Палма...... . Дали е нормално да се пушта толку гласна, прегласна музика среде урбана населба и тоа навечер до касно??? Целиов сервис е преполн со пораки до Вас , ама мува не Ве лази...... Очигледно нешто не е во ред со службите на општината.... Се надевам дека ќе закажете средба.... Поздрав,

Статус: Одговорено
Тип на барање: барање за средба со претседателот на совет

 
Одговор

30.05.2017 во 09:47:23

Почитувани, Вашата реакција е пренесена до надлежните служби, од каде ќе излезат на терен и ќе постапат соодветно. Исто така, за нарушување на јавниот ред и мир можете да се обратите и до полицијата која може да реагира во моментите кога музиката и бучавата се прегласни. Што се однесува на Вашето барање за средба со претседателот на Советот, тоа е пренесено и кога ќе има слободен термин ќе бидете повикани. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by