29 Март 2024 - 15:53:46

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

23.06.2017 во 10:37:48

Почитувани, на зелените површини околу детското и спортското игралиште позади зградите Јане Сандански 92, 94, 98 итд. масовно се паркираат возила. Најмалку 10-15 возила се секојдневно паркирани блиску до зградите и на тревниците. Исто така, се паркира и на тротоарот околу фонтаната во овој реон.Знам дека оваа надлежност ви е одземена од страна на Град Скопје, но ве молам вие, како општина, да реагирате кај полицијата бидејќи тие не одговараат на индивидуални повици на граѓаните. Значи, не се работи само на уништување на зеленилото и плочките од тротоарот, туку и за безбедност на децата и сите кои се движат тука. Најмногу возила има во раните утрински часови и попладне. Се надевам дека ќе се обидете да го решите проблемот. Однапред благодарам

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.06.2017 во 12:40:11

Почитувани, пренесено е до надлежните служби кои ќе излезат на терен во текот на овој ден. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by