25 Април 2024 - 18:54:11

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

02.07.2017 во 16:17:08

Почитувани, на паркингот кај булевар Јане Сандански 109 (позади веро во Аеродром) контејнерите се секогаш преполни и околу има градежен шут и отпад. Најново се искрешените стари прозорци но несовесните граѓани имаат фрлано и каучи, душеци и различен кабаст отпад. Ве молам да се реши проблемот со овој реон од Аеродром, секогаш е нечист и се шири одвратна миризба, што е навистина невообичаено за општина Аеродорм како најчиста и зелена општина во градот. Поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

03.07.2017 во 09:52:24

Почитувани, Ве замолуваме да се обратите до ЈП „Комунална хигиена“ под чија надлежност е одржувањето на контејнерите. Инаку, Општина Аеродром редовно спроведува акции за бесплатно собирање кабаст отпад, но и покрај постојаните апели, некои несовесни граѓани исфрлаат шут и друг отпад на места кои не се предвидени за тоа. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by