25 Април 2024 - 10:18:21

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

04.09.2017 во 15:36:39

Почитувани, Ме интересира зошто во ОУ Лазо Ангеловски за упис на дете се бара исклучиво потврда дека и двајцата родители се вработени. Конкретен проблем кој што го имаме е што мајката не е вработена но чува бебе дома. Бидејќи децата одат во смени и покрај фактот што мајката е дома не може да го остава само бебето дома туку мора да замоли некој од комшиите да го чува додека оди по другото дете во школо и да го носи секој ден (или да го носи бебето во школо секој ден што е посебен проблем за себе). Дали постои некоја опција да се дозволи детето да посетува целодневен престој иако еден од родителите не е вработен?

Статус: Одговорено
Тип на барање: образование

 
Одговор

11.09.2017 во 13:42:31

Почитувани, самите училишта го одредуваат начинот на упис согласно кадарот и просторот со кои располагаат во моментот. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by