20 Април 2024 - 13:43:01

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

26.10.2017 во 11:21:35

Почитувани, Би сакала да Ве потсетам за проблемот со кој подолго време се соочуваме станарите од ул. Методија Шаторов Шарло бр. 6,8 и 10. Имено, веднаш до нашите згради бесправно беше поставен склад со механизација која беше користена при изградба на околни објекти. За тоа многу пати реагиравме, за жал без успех. Конечно, складот е отстранет но сега се појавува уште посериозен проблем. Сведоци сме на нерасчистен градежен шут и остатоци од ѓубре на само неколку метри до нашите влезови, нешто што е на лесен дофат на нашите деца и уште полесно може да се претвори во локална депонија. Ве молиме, најитно да се испратат екипи да се расчисти локацијата која инаку е планирана да прерасне во убав зелен појас. Однапред Ви благодариме за Вашата навремена реакција.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

26.10.2017 во 14:15:38

Почитувани, расчистувањето е во тек и во наредниот период ќе биде отстранет шутот на кој посочувате. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by