20 Април 2024 - 14:15:42

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

26.10.2017 во 11:34:10

Почитувани, Ве молам за одговор на следниве прашања, и истите однесуваат на просторот покрај трите згради на Адора Парк 1,2 и 3 или ул Методија Шаторов Шарло бр.6 : 1. Вагонот со опремата која ја користеа фирмата за градење улици беше вчера тргната, НО зад себе оставија голем број на ѓубре ! Па поради ова ве молиме истиот простор да биде исчистен за да не стане за брзо време депонија, а исто така и овој простор од нивните багери и сл опрема е со уништен тротоар, па ве молиме истиот да се среди и донесе во првобитна состојба. 2. Кога е планирано да се уреди овој ист простор со зелен појас ( трева, клупи, и фонтани )?? Ви благодарам однапред со надеж за брзо решавање на овие наши секојдневни проблеми, Поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

26.10.2017 во 14:19:08

Почитувани, расчистувањето е во тек и во наредниот период ќе биде отстранет шутот на кој посочувате. Инаку, во наредниот период е предвидено уредување на тој простор со зелен појас. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by