25 Април 2024 - 18:59:49

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

30.10.2017 во 14:33:58

ОПШТИНА АЕРОДРОМ БАРАЊЕ ЗА ЗАМЕНУВАЊЕ НА КРОВНИ ПОКРИВАЧИ ОД АЗБЕСТ ЦЕМЕНТНИ ТАБЛИ СО РЕБРАСТ ПОЦИНКУВАН ПЛАСТИФИЦИРАН ЛИМ НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА КОЛЕКТИВНИ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ ОД ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ Почитувани, Во програмата на новиот градоначалник на Општина Аеродром, под капитални проекти, е наведено дека предуслов за одржлив економски развој на општината е енергетската ефикасност, што значи дека општината ќе го субвенционира обновувањето на старите и руинирани фасади на станбените згради, како и замена на старите дотраени кровови, особено обрнувајќи внимание на азбесните кровови. За реализација на овој проект Општина Аеродром ќе користи наменски средства од ЕУ-фондовите како и средства од буџетите. Во тој контекст го подготвивме ова наше барање кое го поткрепуваме со следниве аргументи: Имено, нашиов објект-колективна зграда се наоѓа на Бул.Видое Смилевски Бато 43/1, општина Аеродром и истата е пуштена во употреба 1986 година. Кровот е покриен со азбест цементни табли кои се толку многу дотраени, искршени и уништени што станарите кои живеат на последните катови при секои временски непогоди, дожд, снег… се поплавени и живеат во влажни и нездрави услови, а исто така и заедничките делови од зградата се поплавени при секаков тип на врнежи. Истовремено знаеме дека таквиот тип на кровни покривачи се прогласени за канцерогени. Посебна опасност е што водата во таков случај навлегува во електричната инсталација и предизвикува дополнителни опасности по сите станари (на пример од пожар) а тоа што континуирано по ходниците избиваат автоматите и речиси во цела зграда не функционираат светлата е проблем со кој се соочуваме со години наназад. Исто така дотраените дрвени прозорци во заедницките делови-ходниците се веќе тотално изгниени и дува од сите страни што придонесува температурата во зимскиот период во ходниците да е испод нулата, со што значително се губи топлината и во домовите. Сето ова ја прави сликата на нашиот влез како од хорор филмовитеи затоа искрено се надеваме дека ќе најдете начин да ни помогне околу оваа наша иницијатива. Тоа е голема инвестиција што ние станарите не можеме сами да ја реализираме без ваша помош. Спремни сме на средбата со градоначалникот подетално да му го образложиме нашето барање. Верувајќи дека ќе има живот во Аеродром за сите, остануваме Со почит. Заедница на станари Милица Лазаровска

Статус: Одговорено
Тип на барање: барање за средба со градоначалникот

 
Одговор

31.10.2017 во 14:04:57

Почитувани, Општина Аеродром има разбирање за овој проблем и ќе работи на негово решавање на долгорочен план. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by