16 Ноември 2018 - 02:48:09

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

31.10.2017 во 16:15:18

Почитувани, Во името на советот на станари од згр 23 на ул. 23 Октомври (Владимир Комаров), која се наоѓа веднаш до Вучко, тинекс и хотел Порта, Ве молиме да се изнајде некое решение, по можност поставување подземни контењери, во близина на зградата, затоа што моментално на тој појас стојат 5 контењери кои ги користат станарите како и вработените од Тинекс и постојано се соочуваме цо преголем отпад на таа локација, а тука се секако и несовесни лица кои оставаат и градежен шут. Лицата кои се задолжени за собирање на отпадот, од комунална хигиена, само ги празнат контењерите, но не го чистат и ѓубрето и шутот околу и со тек на време тука веќе наликува на депонија, со нонстоп преполни контењери и губришта на сите страни. Мислиме дека со поставување на подземни контењери како и да им се наложи на локалниот маркет Тинекс да си обезбедат сопствен простор каде ќе го исфрлаат ѓубрето, овој проблем ќе се реши еднаш засекогаш. Ви Благодариме

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

07.11.2017 во 14:32:10

Почитувани, во наредната етапа на поставување подземни контејнери на нови локации ќе го имаме предвид Вашиот предлог. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Ноември 2018 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30   

Sponsored by

Developed by