28 Март 2024 - 11:36:35

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

28.11.2017 во 12:47:21

Почитувани, Со изведбата на пристапната улица од булевар Србија, кон училиштето Александар Македонски, е пресечено спојувањето на улиците 1612 и Блажо Орландиќ, со што се затвори комуникацијата помеѓу зградите во Реонски Центар и куќите во Лисиче, како и бензинската станица на Макпетрол. По реакцијата на жителите од овој регион, направено е квази решение, со поставување асфалт на краевите на улиците 1612 и Блажо Орландиќ до самите тротоари на новата улица, со што на возачите им се овозможува полесно да направат прекршок и да преоѓаат преку тротоарите за да преминат во другиот дел од населбата, а со тоа да ги загрозат пешаците и велосипедистите. Сметам дека ваша обврска е да направите напор и да ја подобрите комуникацијата помеѓу двата урбани дела, со тоа што ќе ја корегирате изведбата, и ќе ги употребите сите механизми кои ви се на располагање за да не мора граѓаните да бидат принудени да кружат непотребно. Би сакал да ме информирате дали е планиран некаков зафат или ново решение со изведената пристапна улица од булевар Србија кон училиштето Александар Македонски и пресекувањето на улиците 1612 и Блажо Орландиќ?

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

28.11.2017 во 14:29:57

Почитувани, улицата е изведена согласно основен проект изработен според одобрен проект за инфраструктура и сообраќаен проект одобрен од Град Скопје и МВР и одобрение за градба, во кои не е предвидено поврзување на Новопроектирана улица 5 со Реонски центар и населба Лисиче, на влезот од булевар Србија. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by