24 Април 2024 - 04:52:55

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

04.12.2017 во 16:07:19

Почитувани, апелираме за активност на надлежните служби во врска со работењето на ноќниот клуб Мистик на ул. Анастас Митрев. Константно имаме проблем со возила до 4 часот наутро, пијани возачи и посетители на клубот кои прават бучава околу паркингот, скршени стаклени флаши насекаде околу, изгребани возила. Ова е истиот клуб каде минатата есен се случи убиство, па така што полицијата е неретко присутна. Веројатно не мора да се напомене дека на само 100 метри е и „ресторанот„ Кажи ми кажи кој исто така активно работи со жива музика и слични гости. Заслужуваме животна околина која ќе прилега на урбаното реноме кое општина Аеродром сака да го презентира. Ве молиме за помош.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

11.12.2017 во 11:39:05

Почитувани, Вашата реакција е пренесена до Одделението за инспекциски работи, од каде ќе излезат на терен да ја увидат фактичката состојба. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by