24 Март 2019 - 22:09:28

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.01.2018 во 13:04:39

Поради проблем на многу граѓани,Ве молам да превземете мерки од Ваша надлежност кои во соработка со ЈСП-Скопје ,ќе овозможат:ДА СЕ ВОВЕДЕ АВТОБУСКА ЛИНИЈА КОЈА ЌЕ МИНУВА ОД ПОТЕГОТ: БУЛ.ЈАНЕ САНДАНСКИ- МАЈЧИН ДОМ-АЕРОДРОМ- БУЛ.АВНОЈ -ХОТЕЛ РУСИЈА-ДО БУЛ.АСНОМ-НАСЕЛБА ЛИСИЧЕ. ВАЖНО: ОВАА АВТОБУСКА ЛИНИЈА ДА БИДЕ ВО ДВЕТЕ НАСОКИ, ОДНОСНО И ВО ОБРАТНА НАСОКА : БУЛ.АСНОМ-НАСЕЛБА ЛИСИЧЕ-ХОТЕЛ РУСИЈА-МАЈЧИН ДОМ-БУЛ.ЈАНЕ САНДАНСКИ-ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА.... Да Ве информирам дека во минатото-пред 10-тина години,постоеше автобус, кој минуваше по оваа насока.Но денес постои само автобус број 3-а кој се движи во обратна насока од Лисиче до х.Русија. Но верувајте таа линија не ги покрива потребите на многубројни граѓани кои гравитираат околу училиштето Ѓорѓија Пулевски, „Мајчин Дом„ и сл. Непостоење на целосна автобуска линија во двата правци, ги приморува жителите да се возат непотребно и по 30 миниути повеќе минувајќи за да сврти автобусот од Лисиче до хотел Русија и за да мораат повторно пешки да одат дома или на училиште -уште 10-тина минути. Се надевам дека ќе го разлгедате овој проблем со кој се соочуваме и ќе го удоволите нашето барање. Ве молам за Вашето мислење по однос напреднаведеното, односно по однос на Вашите превземни мерки и активности во оваа насока, да бидам благовремено информирана.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

17.01.2018 во 11:43:06

Почитувани, би Ве замолиле да се обратите до ЈСП под чија надлежност е Вашето барање. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Март 2019 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by