24 Април 2024 - 11:24:12

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.01.2018 во 12:24:43

Дали општина Аеродром има информации за исполнетост на услови за заштита од бучава од страна на операторот на изворот на бучава – звоното (камбаната) на црквата Св.Илија (кај поликлиника Ј.Сандански) и дали истите се достапни за јавност? Бараме надлежните и одговорните лица (согласно законот за заштита од бучава во животна средина) ги превземат сите мерки и активности за намалување на бучавата од овој извор (звоното на црквата) и да ја информираат јавноста за состојбата со бучава. Образложение: Изворот на бучава - звоното на црквата Св.Илија во општина Аеродром, емитира чест и долготраен звук (секој ден во 07:00, 08:00 и 17:00 часот) кој предизвикува непријатност и вознемиреност од бучавата кај голем број на граѓани во непосредна близина на црквата и тоа во простории за одмор на деца (градинка Срничка–објект Изворче на ул.К.Новаковиќ), во домот за стари лица и пензионери (Бисер-Аеродром), во простории во болница (поликлиника Ј.Сандански), во простории во станбени објекти (на ул.К.Новаковиќ, ул.Ангел Димовски и ул.М.Ш.-Шарло бр.23), поради што се доставува ова прашање и барање.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

02.02.2018 во 11:00:26

Почитувани, Вашата реакција е проследена до Одделението за инспекциски работи. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by