19 Април 2024 - 19:47:42

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.01.2018 во 12:46:45

Бараме надлежните и одговорните во Општина Аеродром да го испитаат случајот на прилагодување на нивелетата на новата улица-пристапен пат пред објект станбена зграда ул.Методија Шаторов–Шарло бр.23, и тоа на таков начин што прилагодувањето е спротивно на ДУП и според потребите на изведувачот на објектот. Образложение: посочениот пристапен пат-улица не е изведена согласно ДУП на Општина Аеродром односно изведениот подолжен наклон (нивелета, нивелманско решение) е многу поголем од дозволениот, поради што улицата не е безбедна за движење на возила и пешаци (посебно во зимски услови). Впечатливо е дека ДУП на Општина Аеродром за улицата-пристапен пат е почитуван пред станбена зграда Шарло бр.21, но воедно истиот не е почитуван пред зграда Шарло бр.23, поради што се бара испитување на овој случај и информирање на јавноста-граѓаните.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

24.01.2018 во 14:09:24

Почитувани, измените во текот на изведбата се направени поради прилагодување на улицата на постоечката состојба и истите се одобрени од проектантот. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by