28 Март 2024 - 09:57:55

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.01.2018 во 09:51:37

Почитувани Живеам на улица Методија Шаторов Шарло (поранешна Руди Чајавец) во воените кули. Во мојата околина голем дел од ѓраѓаните чуваме домашни миленичиња (најчесто кучиња). Секојдневно ги изнесуваме кучињата во паркот пред зградите. Во нашите секојдневни комуникации разговараме на тема дека би било добро во нашата блиска околина да се изгради и игралиште за миленици. Прелагаме во тревникот околу зградите, можеби е најдобро во просторот наспроти новиот ресторант EQULIBRIUM да се огради мал простор за нашите миленичиња. Насекаде во светот во големите градови се опредлуваат вакви простори за да можат кучињата слободно да си играат и да не им сметаат на другите граѓани кои што се плашат од нив. Многу често има 2 оградени простори од кои едниот е за помалите кучиња и уште еден за поголемите. Инвестицијата не е голема. Потребно е само да се постави ограда од плетена жица, да се стави некаква подлога од асфалт, тартан или бекатон и корпа за фрлање на изметот од кучињата. Доколку општината ни излезе во пресрет на граѓаните кои што чуваме кучиња (а не има се повеќе и повеќе) бенефитот и за граѓаните и за општината ќе биде огромен. Поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

29.01.2018 во 11:34:21

Почитувани, во претстојниот период ќе се распише оглас за избор на фирма за изведба на три паркови за миленичиња на територијата на општината. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by