20 Април 2024 - 07:39:01

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

31.01.2018 во 09:24:02

Почитувани! Најпрво да ви кажам дека тел.број што го имате ставено за контакт со комунален инспектор е невалиден. Подолг временски период ви пишувам за нај несредениот дел во општината. На почетокот на ул.Тодор Чангов е најголемата депонија во општината ве молам превземете најхитни мерки за расчистување затоа што сите ние што живееме во непосредна близина имаме деца и имаме потреба од среден и чист простор.Исто така замолувам да се отстранат возилата и коњските коли од тротоарите од завршетокот на бул.12 Мак.бригада до почетокот на ул.Т.Чангов бидејќи пешаците неможат да се движат по тротоар бидејчи истиот е зафатен од возила. Се надевам на хитно решавање на овие проблеми

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

31.01.2018 во 09:34:27

Почитувани, во однос на Вашето прво барање би сакале да Ве информираме дека станува збор за приватно земјиште и Општината нема ингеренции за негово уредување. За отстранување возила од тротоарите надлежно е МВР и Ве замолуваме да се обратите до нив. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by