19 Април 2024 - 04:07:40

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

25.02.2018 во 13:20:39

Почитувани Како жител на околните згради, ме интересира, кога е во план да се уреди просторот околу пристапната уличка до градинката Калинка? Уличката која води до Градинката е во многу лоша состојба и после секои врнежи е под вода. Малите деца, родителите, вработените, но и станарите во околните згради (Адора градинка, Бетон и други) секој ден се принудени да минуваат низ кал и вода. Дополнителен проблем се необезбедените контејнери и ѓубрето кое постојано се расфрла околу нив, како и големиот број паркирани возила наоколу. Да ве потсетам, просторот тука е доста широк па со добро планирање може убаво да се уреди: да се санира уличката до градинката, да се обезбадат тротоари, да се уреди постојното игралиште со парковско зеленило, да се обезбеди простор за паркирање и да се постават подземни контејнери. Ви благодарам на разбирањето и се надевам дека ова ќе биде еден од вашите приоритети во блиска иднина Со почит

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

27.02.2018 во 10:22:19

Почитувани, оваа година не се предвидени средства за уредување на посочената локација. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by