20 Април 2024 - 13:39:19

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.03.2018 во 13:26:49

Почитувани, На улица 23 Октомври кај зграда број 20 има поставено повеќе контејнери за отпад. Сакам да побараме нивна дислокација и замена со подземни контејнери. Постоечките контејнери ја загрозуваат безбедноста на пешаците бидејќи нема континуирана пешачка патека. Во некои случаи контејнерите се на самата улица и ја намалуваат улицата со што се загрозува безбедноста и на возачите. Од другата страна на улицата има травната површина каде би можело да се постават и да се зголеми безбедноста во сообраќајот на патниците и возачите. Ви благодарам за разбирањето. Со Почит, Куќен Совет на ЗС 23 Октомври бр.20

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

16.03.2018 во 13:38:07

Почитувани, во однос на Вашето барање за дислокација на контејнерите би Ве замолиле да се обратите до Град Скопје, од каде се надлежни за ова прашање. Општината во наредниот период ќе ја земе предвид посочената локација за поставување подземни контејнери, што исто така е акција која се спроведува во соработка со Градот. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by