20 Април 2024 - 14:04:27

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.03.2018 во 13:27:43

Почитуван градоначалник, Ве молам да ни дадете информација до кога е планирано катниот паркинг до П.С. Аеродром во Ново Лисиче, да биде гробница на хаварисани возила. Веројатно сте запознаени дека овој дел од општината е со најголем проблем за паркинг места. Од една страна барем 15 паркинг места на целиот паркинг се зафатени со хаварисани возила и тоа веќе со години, а од друга страна на паркингот секоја вечер има барем 15-тина возила кои се службени на станари од спротивната страна на бул. Србија и кои ги оставаат кај катниот паркинг поради тоа што тука е бесплатно, за разлика од кај нив. Во вечерните часови е речиси и невозможно да се најде паркинг во овој реон, а ако побарате информација, тука живее прилично старо население. Кога веќе споменувам „старо население“ поради горенаведените причини, во секое време приодите до самите влезови се целосно блокирани, па не дај боже да треба да пријде амбулантно или противпожарно возило. Со речиси ист апел се обративме и на претходното раководство во општината, меѓутоа како што гледаме немаше никаков ефект. Да се надеваме дека ова раководство ќе го реши конечно нашиот проблем. Со почит, Славчо

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хаварисани возила, како и возила кои се користат како магацински простор

 
Одговор

28.03.2018 во 09:42:05

Почитувани, во моментов нема хаварисани возила на посочениот паркинг. Сите паркирани возила се во возна состојба, освен едно кое исто така е регистрирано. Планирано е проширување на паркингот во наредниот период. Во моментов се разгледува можноста за воведување зонско паркирање со што би се избегнало паркирање на службени возила од останатите делови на општината. Општина Аеродром активно работи на изнаоѓање решенија за прашањата поврзани со паркирањето. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by