25 Април 2024 - 19:06:08

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

04.04.2018 во 12:58:12

Почитувани, Сакам да Ве прашам дали во нашата Општина некој води сметка како работаат инвеститорите/изведувачите на новите станбени згради, односно дали некој води сметка како тие се однесуваат со ново асфалтирааните улици и поплочени тротоари. Конкретно ме интересира за новата улица 1615 покрај касарната, двете згради кои се веќе готови направија прекоп на истата за приклучок во канализација, но тоа не го санираа, исто така зградата на ул. 1615 бр. 14 која е во тек на градба инвеститорот/ изведувачот има направено толку многу штета на на инфраструктурата (улиците и тротоарите) околу градбата што е навистина жално за инфраструктура изведена во 2016/2017 година. Барам од Вас да реагирате истите да си ги вратат во првобитна состојба или да ни кажете каде да се обратиме и реагираме за да не ни останат улиците и тротоарите пропаднати, распукани, опасни за движење... Ви балагодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

05.04.2018 во 10:14:52

Почитувани, недостатоците ќе бидат отстранети од двата инвеститора во рамки на гарантниот рок на зградите. Во врска со прекопот, потребно е време за слегнување на тампонот, по што ќе следи асфалтирање. Во однос на оштетувањата на бекатонските плочи, тие ќе бидат санирани во рамки на тековното одржување спроведено од нашите служби. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by