28 Март 2024 - 14:58:08

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

25.04.2018 во 14:02:00

Почитувани, изминатата година неколку пати апелирав и оваа година „приказната“ се повторува, да се поведе сметка за зеленилото околу зграда на Владимир Комаров 27. Од некоја причина позади зградата никој ниту од општината ниту од паркови и зеленило ниту коси трева, ниту собира отпадоци, ниту листови ... Тој дел не личи на ништо. Тревата, ако воопшто може да се каже дека е трева е скоро 1 м висока, надвисната е дури над патеката по која секој ден поминуваме. Навистина не знам кој е одговорен и дали некој знае за ова. Дури и скоро некој од одговорните за парковите сечеа обраснати грмушки околу дрвата во паркот спроти зградата, а тој дел воопшто не го ни погледнаа. Како овој дел да е невидлив, хорор е луѓе. Се надевам дека некој ќе се замисли и ќе превземе нешто. Ви благодарам

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

25.04.2018 во 14:40:15

Почитувани, службите се излезени на терен и ја косат тревата по претходно утврден план и динамика. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by