23 Април 2024 - 22:22:38

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.04.2018 во 09:24:38

Почитувани, Во Ново лисиче на булевар Асном 124 живеам веке 30 години ,мегутоа што се случува последнава година досега не било. Населбава стана живеалиште за кучиња а не за луѓе. Скоро секое утро доживувам хорор . Приморана сум да одам на автобуска станица кај Рударски наместо кај Авиончето што ми е поблиску. Има толку АГРЕСИВНИ КУЧИЊА што обавезно напагаат било да е возрасен или дете. Верувајте движењето ни е ограничено поготово навечер се плашам да излезам . Јас лично повеке пати сум нападната од кучњја имало случај и три наеднаш ме нападнале се обратив до Вашите инспектори демек не биле надлежни , Комунална хигиена -ШИНТЕРСКА СЛУЖБА и тие не се надлежни бараат асистенција од инспектор ВЕ МОЛАМ ПРЕВЗЕМЕТЕ НЕШТО .

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

02.05.2018 во 08:45:16

Почитувани, надлежноста во однос на бездомните кучиња ја има ЈП „Комунална хигиена“, односно Град Скопје. За поефикасно работење Општината иницираше соработка со овие тела на локално ниво, заедно со граѓанските здруженија за заштита на правата на животните. Критичните локации ни се добро познати и се надеваме на брзо решавање на проблемот. Дополнително, Општината планира изградба на сопствено прифатилиште, што значително ќе ја олесни ситуацијата во иднина. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by