28 Март 2024 - 10:27:12

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.05.2018 во 11:13:19

Почитувани, во Ново Лисиче на последна 5ка се изгради прекрасен но тотално нефункционален парк, кој што зјае празен. Дали постои можност патеките да се асфалтираат, во тој случај децата од сите тие нови згради во кои живееме ние би го поминувале во паркот возејќи точаци, ролери и сл., нешто што сега го прават на паркинг, бидејќи реално гледано меѓу сите тие згради не е оставен ниту најмал простор кој не е паркинг. А опасноста некое дете да биде прегазено е огромна. И Би било убаво ако се постават барем едни лулашки. Мислам дека не е преголемо барањево , а паркот би почнал да се користи онака како и што му е намената.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

10.05.2018 во 11:57:15

Почитувани, патеките се осмислени на тој начин за да се задржи природниот изглед на паркот и не се предвидува нивно асфалтирање. Што се однесува до Вашиот предлог за поставување лулашки, истиот ќе биде пренесен до надлежните служби. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by