25 Април 2024 - 13:47:10

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

04.07.2018 во 11:48:57

Почитувани, се направи некој напор но никако да се направи нешто комплетно. Се јавува проблем точно кај тротоарите од страната на МЖ Транспорт и од карши. Никако да се успее коначно да се дојде после ручек кога возилата од компаниите се заминати и сите гранки комплетно да се исечат согласно оградите, како и целосно ѓубрето, земјата од темел на тротоатот да се исчисти. Имено се дојде со булдужер и од почетокот на улицата кај Тинекс се почна но никако и делот кај МЖ Транспорт. Значи може ли да се надеваме целосно улицата да се очисти комплетно од шут, земја наталожена со гооодини-никако да се види тој тротоарот, гранки, кондоми итн. Значи се ова ние граѓаните го гледаме и кога ќе си дојде ред за гласање ќе си гласаме. Ова е 3 маил кој го доставувам за истото во рок од 2 години. Една гранка која излегува од железна ограда треба да се исече. Ако не е во Ваша надлежност значи викнете улица и патишта и од корен и темел да се сработи. Се надевам на позитивен коначно европски менталитет и од страна на општината, вие сте тие кои ќе го менувате и нашиот менталитет. Со почит, М.Н.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

05.07.2018 во 11:46:51

Почитувани, нашите служби веќе имаат испратено допис до ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“ под чија надлежност е Вашето барање. Истовремено, би Ве замолиле и Вие лично да се обратите до Град Скопје со цел нивните служби да излезат на терен и да ја проценат фактичката состојба. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by