20 Април 2024 - 06:58:18

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.09.2018 во 14:28:36

Почитувани, дали се планира изведба на соодветно и репрезентативно оградено детско игралиште со мека подлога, осветлување и нови реквизити по примерот на игралиштата во Капиштец на земјениот дел на почетокот од улицата Руди Чајевац (сега Методија Шарло) од страната на новите згради на Адора - Парк 1, 2 и 3. Сегашното детско игралиште има неколку стари и дотраени реквизити и е изведено на тврд земјен правлив терен, префрлено од старата локација кајшто сега се гради нов објект (до зградата на Дабар), а од секојдневните реакции на жителите потребно е проширување и осовременување, односно изведба на репрезентативно детско игралиште кое ќе ги опслужува жителите и децата од зградите на тој потег, како и негово разеленување и оплеменување. Благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Детски и спортски игралишта (кошарка, ракомет, мал фудбал)

 
Одговор

24.09.2018 во 09:03:55

Почитувани, во моментов е во изработка план за изградба на нови детски игралишта на нови локации, а во 2019 година предвидена е реконструкција на веќе постоечките игралишта. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by