24 Април 2024 - 11:12:34

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

26.10.2018 во 11:19:34

Почитувани, Ве молам да ме упатите каде да се обратам за решавање на долгогодишен проблем со соседот во истата стамбена зграда кој поседува стан на погорниот кат. Од неговиот балконот, секогаш по атмосферски врнежи од дожд или снег како и кога балконот го мијат со вода, на мојот балкон се јавува течење на дождовница и отпадна вода која понатаму се слива низ олукот и ѕидот или директно паѓа на подот на балконот. Поради тоа на плафонот и на ѕидот на балконот се јавува лупење и паѓање на малтерот и парчиња од бетонот, така што не можам да го користам балконот и ми се причинува материјална штета преку често санирање на оштетените делови од балконот. Неколку пати го замолувавав соседот да ја санира плочата околу сифонот и олукот на неговиот балкон, но досега не преземал никакви мерки и активности. Затоа, Ве молам да ми укажете како да го решам овој проблем, дали со поднесдување пријава до полиција или до овластен инспектор за домување при општина Аеродром или до надлежниот суд. Со почит.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

30.10.2018 во 13:30:41

Почитувани, можете да поднесете приватна тужба и Вашиот проблем да го решите по судски пат. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by