19 Април 2024 - 13:30:27

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

05.03.2019 во 15:13:56

Почитувани, Кога и како се планира да се реши проблемот со паркирање на зградите со адреса Методија Шаторов Шарло 6, 8 и 10 (Стар Аеродром, трите нови згради изградени од Адора, познати како Парк 1, 2 и 3)? За овие три згради има предвидено паркинг во урбанистичкиот план (Црква УЕ Б), кој се уште не е изграден. Граѓаните од овие три згради имаат реагирано повеќе пати за проблемот со паркирањето, меѓутоа конкретно решение од страна на општината не е понудено, иако овие згради се изградени и вселени повеќе од две години. Моментално паркирани коли има на едната лента од пристапната улица и на тротоарот на спротивната лента, што го прави секој тип на движење многу тежок. Ве молам за одговор и што побрза реакција од страна на општината.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

19.03.2019 во 15:00:43

Почитуван Илија, инвеститорот Адора за трите нови згради познати како Парк 1, 2 и 3 има изградено и паркиралишта на две нивоа (-1 и -2), што може да се види и на официјалната веб-страница на Адора инженеринг. Станарите се тие што одлучуваат дали становите ќе ги купат сосе паркинг-место или не, па оттаму се јавува проблемот со паркирањето. Ние како Општина се обидуваме да изнајдеме решение за овој проблем. Ви благодариме

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by