23 Април 2024 - 11:54:49

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

03.04.2019 во 10:32:26

Би сакала да замолам итно решавање на проблемот со улични кучиња во населба Аеродром. Секој ден одан на работа со велосипед, до Центар и редовно има улични кучиња по самиот булевар Јане Сандански, кај ОУ Љубен Лапе, во ТЦ Бисер, пред ТЦ Капитол, кај мене дома, пред влез. Никаква смисла нема враќањето на кучињата назад во населба, ова е град, и не им е место да се враќаат по улици и да дивеет и напаѓаат. Најдете хуман начин за нивно згрижување, вакцинирајте ги, кастрирајте ги и чувајте ги во стационар за да може некој да ги вдоми. Ако немате капацитет за ваква активност, носете ги надвор од градски средини, вон населени места. Користете ги придобивките на цивилизацијата и искуствата на напредните држави и градови. Ова е барем проблем кој не бара многу финансиски средства и експертиза. Финансиската надокнада не може да надомести изгубен живот, доколку нападнатиот почине од инфаркт. Повеќе од крајно време е да се ангажирате и да го решите овој проблем, еднаш и за секогаш.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.04.2019 во 10:57:48

Почитувана Александра, го разбираме проблемот со кучињата, но надлежноста ја има ЈП „Комунална хиигиена“. Со формирањето на новото претпријатие „Лајка“ за згрижување чучиња, очекуваме да се реши овој проблем. Поздрав

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by