20 Април 2024 - 00:14:54

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

08.05.2019 во 11:05:38

Фала ви на одговорот од 23 април околу нашето барање до кога ќе се чека дислокацијата на кошот на паркингот зад воената кула В на ул Руди Чајавец бр.4 и на кошот зад заградата на Адора на ул. Методија Шарло бр.8 и нивна релокација на блиското игралиште при ОУ Блаже Конески, како и санација на постоечките 2 обрачи на кошевите на училишното игралиште во Блаже. Ветивте во март дека ќе се реализира за што била избрана фирма на тендер за одржување на спортските игралишта. Не е наша обврска да ги бараме вработените (ни го посочивте г.Златко) во општина за да се преземе нешто конкретно на терен, ние само ви укажуваме, дали ќе ги слушнете нашите укажувања и потреби како жители на Аеродром и како ќе се организирате и подели работата во општина околу граѓанските барања е сепак ваша работа. Ве молиме за брзо дејствување, поминаа повеќе од 3 месеци откако го бараме ова а нема ништо сработено на терен.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Детски и спортски игралишта (кошарка, ракомет, мал фудбал)

 
Одговор

09.05.2019 во 11:03:15

Почитуван Славчо, фирмата ангажирана за одржување на спортските игралишта е веќе на терен и си ги извршува своите обврски. Набрзо ќе бидат сменети мрежите на кошевите во сите училишта. Што се однесува до дислокацијата на кошот, сепак мора да се поднесе Барање со печат од Куќен совет и да се достави до Комуналното одделение преку Архивата на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by