19 Април 2024 - 13:53:08

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

07.06.2019 во 23:27:26

Почитувани, на 13 Мај Ви го пријавив следниов проблем: „Почитувани, Ве молам за Ваш ангажман за поправка (веројатно замена на сијалица) на паркинг просторот позади Јане Сандански 78 (Bulevard Jane Sandanski 88, 1000 Skopje, Macedonia Latitude: 41.982399 | Longitude: 21.464469). Благодарам.“ Вие ми одговоривте дека: „Одговор, 16.05.2019 во 11:37:12, Напревени се неколку обиди за смена на светилките, но поради немање пристап од паркираните возила, не е извршена замената. Нашите служби повторно ќе се обидат. Поздрав.“ На 05.06.2019 во 23:11:24 повторно го пратив следново барањр: Почитувани, во меѓувреме на истиот паркинг простор се расипа осветлувањето на уште една бандера. Ве молам да преземете нешто. Наутро помеѓу 09:00 и 12:00 наведениот паркинг е скоро празен и нема многу паркирани возила. А можеби можете да ги искористите службениците од паркинг службата да зачуваат слободен простор додека се изврши поправката. Благодарам! Ваш пдговор е дека Почитуван, светилката на паркинг-просторот зад Јане Сандански 78 е веќе замената, а за другата што ја посочивте, ќе биде заменета деновиве. Поздрав. Почитувани, паркингот на Јане Сандански 78 се наоѓа пред мојата тераса. Во моментов (23:20) излегов да видам и Ве уверувам дека и двете горе посочени светилки се неисправни и половина од паркингот (југоисточниот дел) не е осветлен. Доколку некој Ве известил дека една светилка е заменета, Ве известил погрешно. Жалам што овој сервис нема можност за испраќање на слики за да Ве уверам во моменталната состојба. Уште еднаш учтиво замолувам да се ангажирате за да се поправат двете светилки на наведениот паркинг. Со почит.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Поправка на веќе постоечки линии за јавно осветлување

 
Одговор

28.06.2019 во 09:22:25

Почитуван Роберт, прикачувајте слики во инбокс на ФБ-страницата на Општината за да не дојде до евентуална забуна за локацијата. За случајов, го пријавивме дефектот на осветлувањето, ќе излезе екипа да направи увид. Ви благодариме. Поздрав

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by