24 Април 2024 - 12:56:52

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.09.2019 во 23:17:41

Сакам да дадам предлог градоначалникот гдин Марин да воведе постојан општински Call center 24/7 за проблеми и нивно ефикасно решавање како на пример што отвори неодамна Кавадарци која е репер за ваков начин на менаџирање и која воведе ваков центар и мој општинар, иако е далеку помала од Аеродром. Сегашниов модел на пријава на проблеми и давање предлози за подобар Аеродром преку Граѓански сервис центар е некако неефикасен и се осеќа дека некако не фунционира според очекувањата, реакцијата е слаба и бирократска. Треба поголема агилност на терен, моделот на Кавадарци има резултати и е позитивен пример на брза реакција на граѓански барања.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.09.2019 во 09:01:32

Почитуван Дејан, идејата е добра, но монетално постојат неколку начини за контакт на граѓаните со општината. На веб-сајтот на Општина Аеродром функционира пријавата Пријави проблем на десниот банер на страницата. Потоа, освен овој граѓански сервис, проблеми се пријавуваат и во инбокс на фејсбук-страницата на општината и кај градоначалникот. Во секој случај, ви благодариме за предлогот. Поздрав

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by