23 Април 2024 - 23:25:39

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.09.2019 во 16:02:16

Почитувани, зошто во јавниот повик за субвенции за велосипеди објавен на 25 септември не е наведен вкупниот износ на средства одобрени за оваа намена за да може да се знае (кога ќе се подели вкупно одобрената сума со максималниот износ по корисник 3.000 МКД) колку вкупно жители ќе може да добијат субвенции и дали најтранспарентно ќе биде објавен списокот со лица кои добиле субвенции на веб сајтот на општината, по одобрен износ, датум и час на аплицирање? Благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

30.09.2019 во 13:09:22

Почитувана Анкица, Советот на Општината за оваа намена одобри 100 илјади денари, но поради огромниот интерес, оваа сума ќе ја зголемиме во иднина кога ќе има уште вакви проекти. Постапката е транспарентна и сите што ќе добијат и што нема да добијат субвенции ќе бидат лично контактирани од одговорното лице од Општината. Секако, ќе имате увид во случај да постои некакво сомневање. Поздрав

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by