28 Март 2024 - 10:07:40

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

22.01.2020 во 12:21:02

Почитувана општинска служба, На 06.11.2019 во 11:04:41 поставив прашање за еден сериозен проблем како што е подолу: Крајно време е да се постават заштитни столпчиња на тротоарот за пешаци покрај сервисната уличка до која се пристапува во зградите на Адора на Методија Шарло 6,8 и 10. Буквално мајки со колички, деца не може да се движат на тротоарот околу зградите покрај сервисната уличка, ниту да се пристапи со возило до својот дом, самите тротоари се блокирани од возила, дури и на тревната површина и игралиштето се зафаќа простор, паркираат возила на тротоарот и од други места кои одат по околните кафулиња и ресторани во близина. Направете нешто крајно време е, за 1 ден може да се постават столпчиња од двете страни на тротоарот околу сервисната уличка. На 11.11.2019 во 09:25:33, од Ваша страна одговоривте: Почитувана Анкица, доставете барање до Комуналното одделение на Општината за поставување столпчиња, со претходно собрани потписи од станарите од околните згради. Поздрав Барањето од станарите на трите згради прелу лиценцираната фирма - станбен управител е доставено и примено во општина Аеродром заведено под архивски број 17-3911/1 од 8.10.2019. Поминаа 3 месеци, нема никаква реакција од општина Аеродром.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови заштитни П-огради

 
Одговор

23.01.2020 во 09:58:24

Почитувана, Штотуку заврши постапката за избор на фирма за таа намена и по завршувањето на сите процедури, ќе ви биде одговорено на вашето барање. Поздрав

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by