28 Март 2024 - 10:59:33

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

28.01.2020 во 13:08:16

Почитувани, Дали и кога е предвидено да се почне со уредување, изградба и завршување на паркинг просторот за 105 возила (предвидена парцела согласно ДУП) на улица Симеон Кавракиров(бивша Иван Горан Ковачиќ) ? . Воедно кога повторно ќе се санира целата улица Симеон Кавракиров, која после секоја идна никната зграда се прекопува и нели нормално се враќа во првобитна состојба? . Се надевам ќе понудите решение на постојаните долгогодишни станари/сопственици на станови на т.н. поцицајски згради на истата улица (од страната на ресторан Рулет) во врска со најавите од СВР Скопје дека ќе забрани паркирање на улицата која е узурпирана со повеќе возила од новите газди од новите згради? . Очекувам коректен одговор во најкраток можен рок. Поздрав, Сашо Лазаревски

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

29.01.2020 во 09:59:40

Почитуван Сашо, во буџетот за 2020 година не се предвидени средства за реконструкција на оваа улица. До крајот на годината, ако останат, средства ќе се разгледа оваа можност. Ви благодариме за разбирањето.

Назад

 

Архива

<< Март 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Sponsored by

Developed by