20 Април 2024 - 08:12:49

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

06.04.2016 во 19:06:13

Здраво, Ме интересира зошто рефлекторите на фудбалското игралиште во Ново Лисиче (игралиштето помеѓу Асном 16/18, 22/24 и детската улица) не функционираат. Цела зима работеа се трошеа халогенките како и трошеа струја беспотребно по цела ноќ кога никој игра бидејки нема услови, а сега кога времето е добро и кога може да се игра рефлекторите не работат. Ве молам за одговор на следниве прашања 1. Бидејки се на тајмер кога ќе почнат да се уклучуваат автоматски и во кој временски интервал би светеле од колку до колку часот бидејки сега уште од 19:00 нема добра видливост. 2. Дали има опција сами да ги уклучуваме по потреба, 3. Рефлекторите се кристат неколку години кога имате намера да ги промените и да ги дополните со додатни рефлектори бидејки нема добра видливост со постоечките. 4. Неколку пати се пратени барања за да се исечат гранките кои ги попречуваат рефлекторите позади голот на западната страна од игралиштето, но иститене беа исполнети. Дрвјата се пораснати во висина на двата рефлектори и тој дел е многу темен. Ќе ве молам за конкретен одговор на сите прашања и временски одговор а не само "Вашето барање ке биде проследено до надлежните" како и секогаш.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Детски и спортски игралишта (кошарка, ракомет, мал фудбал)

 
Одговор

12.04.2016 во 11:37:16

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека овој проблем е делумно надминат. Рефлекторите се веќе пуштени, но има многу несовесни граѓани кои ги уништуваат.. Не би требало граѓаните сами да ги пуштаат рефлекторите, бидејќи така се уништуваат .. За гранките ќе треба да се обратите до ЈП Паркови и зеленило.. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by