19 Април 2024 - 05:37:41

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.04.2016 во 16:47:59

И оваа како и минатите години кога времето се затоплува, на тревникот во паркот помеѓу нашата зграда и самопослугата на Тинекс се доселуваат цели семејства на чергари. И додека децата ги испраќаат да просат на блискиот семафор, тие живеат веднаш под нашите прозорци каде што и вршат нужда на ѕидовите на зградата. Состојбата е непријатна за целата околина а особено се погодени станарите од пониските катови на нашата зграда кои од непријатниот мирис не можат да отворат прозорец. Веруваме дека општината може да преземе соодветни мерки за спречување на ваквото однесување кое претставува прекршување на повеќе прописи (просење, злоупотреба на деца, вршење нужда на јавен и туѓ приватен имот ...). Во очекување сме на вашиот одговор односно активности. Станарите од зграда 23

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

12.04.2016 во 10:38:25

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by