20 Април 2024 - 07:08:28

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.04.2016 во 16:37:31

Почитувани, Денес на улица Васко Карангелевски имам незгода при преминување на улицат, односно само што стапнав на улицата ногата ми се заглави во скршена шахта од атмосверска канализација (која не ја забележав) , изгубив контрола и паднав на улицата. Ногата ми беше заглавена во шахтата и ми требаше време да се ослободам од неа. Имав среќа што во тој момент немаше многу автомобити на улицата, а тие кои возеа овој пат беа љубезни и не ме прегазија. Сигурно имате поплаки дека на таа улица се вози многу брзо и невнимателно, па Ве молам доколку е во Ваша надлежност барем да ја смените шахтата, затоа што тука минуваат многу деца кои ја посетуваат наставата во О.У. Ѓорѓија Пулевски и можат да настрадаат како мене, но да немаат толку среќа во возилата . Се надевам дека мојата молба ќе биде услишана.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

03.05.2016 во 10:11:33

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве замолуваат, за шахтата да се обратите до ЈП „Водовод и канализација“, бидејќи тие се надлежни за сите шахти во Градот Скопје, а истото ќе го сторат и тие. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by